Најсреќниот човек на светот“ на филмскиот фестивал во Венеција

Македонскиот игран филм „Најсреќниот човек на светот“ на Теона С. Митевска е селектиран во програмата Хоризонти на филмскиот фестивал во Венеција, информираат од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

По премиерата на „Прашина“ на Милчо Манчевски во 2001 година, ова е прв македонски филм што ќе доживее своја премиера во една од официјалните натпреварувачки програми. Филмот на Митевска ќе се натпреварува во неколку категории, меѓу кои најдобра режија и најдобар филм.

Официјалната проекција на филмот „Најсреќниот човек на светот“ е закажана за денеска со почеток во 14:15 минути и на 3 септември со почеток во 13:30 минути

Back to top button
Close