Најстарата ликовна колонија во земјата – “Дебрца”, по 36-ти пат, започнува во сабота, 1. август

 

Во сабота, на 1 август, започнува, 36-та, по ред, и најстара ликовна колонија во земјата – “Дебрца”, во селото Белчишта, општина Дебрца.

Почетокот е осмислен и како чин на одбележување на националниот празник Илинден, а за што учесниците, еден ден, ќе создаваат во историското село Црвена Вода, местото каде е формиран Инцијативниот одбор за свикување на АСНОМ, направен е подборот на делегатите, како и Нацрт – одлуките за Заседанието во “Прохор  Пчински”.

-Обезбедивме услови за работа кои апсолутно одговараат на ситуацијата со здравствената криза. За уметниците – учесници, има посебен простор дури и отповеќе, секој ќе создава на посебна локација, секој ќе биде сместен во посебен апартман, а на крајот новосоздадените дела, ќе бидат изложени на едно место, во селото Белчишта, така што љубителите на ликовната уметност ќе можат уште веднаш да ги видат, се разбира согласно со здравствените протоколи, вели ликовниот уметник, педагог и основач на Колонијата, Ѓоко Целески..

Целески додава дека, сепак, избегната е опасноста од прекин на континуитетот во одржувањето на најстарата ликовна колонија кај нас, воедно, и со најбогат фонд уметнички дела.

 

Ја чувствувам, вели, како своја рожба, како свое чедо.  Што е вистина. Ја негувал, колку и своите деца и внуци, но, дека ја нема некогашната енергија, но, истовремено,  дека не може, туку  – така, и кому било,  да ја препушти

Манифестацијата ја помага Министерството за култура, потоа општината,  помагаат и спонзори. Кој со средства, кој организациски. Уметниците, покрај во Белчишта, создаваат и на други места, мегу другите  и во селото Црвена Вода, под спонзорство на здружението “Мацково” и Етно куќата на семејството Митаноски.

Грижата и поддршката на државата и општината, како и на другите помагатели, е повеќе од заслужена. Станува збор за богатство – фонд од 700 дела, историска и културна вредност, со самиот екслкуузивитет на долгиот спис учесници.

Зад  Ликовната колонија “Дебрца” стои содателство од платна на великани во ликовната уметност, од постарата, но и помладата генерација. Да ги наведам, професорот Димче Коцо, потоа Вангел Наумовски, Јоне Симонче, Јордан Манасиевски, Љупчо Стефаноски и други. На нив се надоврзуваат Мето Георгиевски, Менде Иваноски, Васко Ташковски,  Сергеј Андреески, Мето Горгиевски, Петар Мазев и многу други, напоменува Ногачески.

И не само од земјава, туку и од Балканот, но и целиот свет, додава градоначалникот. Колонијата, вели тој, е и некаков спој со богатата историја, односно создавањето на македонската државност токму на овој терен.

Не случајно, еден ден, уметниците создаваат во Црвена Вода, а еден од позначајните датому – издавањето на Манифестот до македонскиот народ во 1943 година, е Ден – Патронен празник на самата општина.

Последниот пат во  Црвена Вода, создава: од Македонија – Стадим Димитров, Запро Запров, Даниела Димческа, Горан Јованов, Симон Арнаудов, Предраг Јанески. Од Албанија, Тасо Констандини, а од Бугарија, Ѓорги Андонов-Жоро, Венера Константинова и Дарина Златарева и други..

Од 1983 година, Колонијата има своја Галерија, најнапред скромна во старата зграда на поранешната, како што ја нарекуваат овде, италијанска касарна, од времето на окупацијата, додека од 2005 година, свој, современ објект со сите услови за галерискo ускладиштување и презентирање.

Има и посебен дел, во кој, се сместуваат  дел од учесниците.

Учествуваат  12 до 15  учесници  кои  творат  исклучиво  на  територијата  на  Дебрца, а во досегашното постоење зеле  учество над 200  уметници,  од  Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Грција, Полска, САД, Канада, Герамнија, Малезија, Русија, Узбекистан, Украина, Кипар, Монголија  и  други  земји.

Организирани  се  115  изложби  во   Република  Македонија,Колонијата  соработувала  со  повеќе  колонии  од  Македонија  и  другите  земји,  како  и  со Факултетот  за  ликовна  уметност  во  Скопје.

Веле Митаноски

 

 

Back to top button
Close