Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе

Утрово најстудено е на Попова Шапка и во Лазарополе каде се измерени -2 степени. Нула степени се измерени во Берово, Маврови Анови и Крушево, 2 во Претор, 3 во Крива Паланка, 4 во Охрид и Прилеп, 5 во Тетово, Битола, Струмица и Виница, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип и Дојран, 7 во Демир Капија, 9 во Гевгелија.

Висината на снежната покривка, како што информираат утрово од Управата за хидрометеоролошки работи, на Попова Шапка изнесува 17 сантиметри, а во Крушево 3 сантиметри.

Во текот на ноќта и утрово времето е облачно со врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринава дожд врне на повеќе места и тоа во Штип, Скопје, Демир Капија и во Пелагонија.

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои на места ќе бидат обилни (над 20 л/м2) и проследени со ретки грмежи, особено во југозападните делови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Back to top button
Close