Најстудено во Берово


Утрово температури под нулата се измерени во поголем дел од земјата. Најстудено е во Берово со -7 степени Целзиусови.

Според извештајот од Управата за хидрометеоролошки работи, -5 степени се измерени во Скопје кај Петровец, Крива Паланка, Битола, Струмица и Демир Капија, -4 во Тетово, Штип и Гевгелија, -3 Прилеп, Крушево, Куманово, -2 Скопје-Зајчев Рид, Маврови Анови, Лазарополе, Виница, Претор и Дојран, и -1 во Охрид.

По одделни котлини денеска претпладне ќе има појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 11 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, во текот на денот ќе биде сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне 6 степени

Back to top button
Close