Најстудено во Битола, најтопло во Крушево

Утрово е најстудено во Битола, два степени, а најтопло во Крушево, 13 степени.

Според УХМР, до 8:30 часот шест степени се измерени во Крива Паланка, Лазарополе, Претор, Прилеп, Штип, Демир Капија, Гевгелија и Дебар, 7 во Скопје-Зајчев Рид и Охрид, 8 во Маврови Анови, 9 во Виница, 10 во Дојран, 12 во Попова Шапка, 13 во Крушево, 4 во Струмица и 5 во Скопје-Петровец и Тетово.

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и релативно топло, наутро со слаба магла по одделни котлини, а преку денот значитечно потопло на планините. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 27 степени.

Во Скопје во делови од котлината магливо, а преку денот сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 24 степени.

Back to top button
Close