На „Тајмс сквер“ повторно ќе се слави Нова година

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио денеска најави дека Новата година повторно ќе се слави на „Тајмс сквер“ плоштадот, по откажувањето лани поради пандемијата на коронавирус.

– Стотици илјади луѓе ќе дојдат да слават. Конечно ќе можеме повторно да се најдеме еден со друг и тоа ќе биде фантастично!, изјави градоначалникот.

Сепак, тој нагласи дека за влез на прославата ќе биде потребен доказ за вакцинација, а единствен исклучок ќе бидат децата до пет години и лицата коишто имаат медицинска причина за непримена вакцина, а кои ќе мора да имаат негативен тест не постар од 72 часа. Прославата на Новата година на „Тајмс сквер“, којашто се одржува од почетокот на 20. век, е симбол на овој културно-туристички центар на САД.

Традицијата лани се одржа на речиси празен плоштад, само за медиумите и за здравствените работници и нивните семејства на кои им беше дозволено да присуствуваат поради нивната улога во корона-кризата.

Back to top button
Close