На Табановце фатен и приведен дилер од Германија – пронајдена дрога, но и оружје

На 08.02.2025 во 08.00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Т.В.(49) од Сојузна Република Германија. При контрола на неговата возило „опел” со германски национални ознаки биле пронајдени и одземени оржје и наркотични супстанции.

Во возилото полицијата нашлабела прашкаста материја, дробилка, шише исполнето со течност, пет ножеви, метална палка, 10 боци солзавец, електрошок, две радио врски и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Лицето било предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close