На „Табановце“ се чека околу 45 минути, на „Богородица“ околу половина час

На граничниот премин „Табановце“ има зголемена фреквенција на возила поради што времето на чекање за влез е околу 45 минути, додека на граничниот премин „Богородица“ времето на чекање за влез и излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради изведување градежни активности на вијадукт на Сарички дол, кој се наоѓа на државниот пат Градско – Прилеп, обиколница на градот Прилеп, државниот пат (од крстосницата кај бензинска станица „Лукоил“ до клучка кај бензинска станица „Салида“) ќе биде целосно затворен за сообраќај од 3 август 2025 од 07:00 часот до 6 август 2025 година. Сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп.

АМСМ потсетува дека поради изведба на проектот „Изградба на патна делница Градско – клучка Дреново“, дел од Коридор 10-д, ќе има временa изменa на режимот на сообраќај на експресниот пат делница Градско – Дреново. Измените ќе важат од 4 август 2025 до 16 септември 2025 година, при што сообраќајот ќе биде пренасочуван и регулиран со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Back to top button
Close