На „Табановце“ за влез и излез се чека еден час, а на „Богородица“ 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози со зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

На Граничниот премин „Табановце“ се чека околу 60 минути, а на ГП Богородица се чека околу 40 минути за влез и излез од државата. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од АМСМ известуваат дека од денеска па до 12 септември на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица, поради асфалтирање на патот, сообраќајот ќе биде во прекин секој работен ден во периодот помеѓу 9 и 15 часот.

Back to top button
Close