На теферич

 

Колумна на Катерина Блажевска

Теферич, името кое своевремено го добила струшката населба во чие срце се наоѓа „славниот“ затвор од отворен тип, слободно може да стане синоним и за македонското правосудство. Зборот значи излет во природа, на отворено, а кај нас се употребува и со значење за место од кое се пружа убав панорамски поглед, ама и отворен простор каде што пирка ветер, а може да има и поголем провев, на пример таков што ќе ги разнесе сите стандарди од кои треба да се раководи правосудството.

Со вчерашното неспроведување на Мијалков од струшкиот затвор на рочиште за Титаник 2, се покажа дека не само населбата, туку и затворот можеби бил еден огромен теферич, каде што не се знае ни кој јаде, ни кој пие, ни дали некој од најпознатите осуденици воопшто таму спие, освен „на хартија“.

Додека јавноста со месеци дебатира за нужноста од интегритет на судиите и обвинителите, за чест, личен и професионален морал, излегува дека темата била тотално промашена. Како да зборуваме за вакви доблести, кога и судот, и казнената установа, ја сведоа темата на ниво на елементарна неписменост – едните не напишале точен датум, а и другите, наводно не знаеле каде да го прочитаат вистинскиот датум за спроведување осуденик.

Не е во прашање ни достава, ни повратница, туку една сеопшта повраќаница, која повторно треба да ги замагли трагите како некои предмети лека полека се возат кон сигурно застарување

Од струшкиот затвор покажаа доказ дека во барањето за спроведување како датум е наведен 12 декември, а не 22 декември. Овие од Судот, кои во барањето го утнале точниот датум, се правдаат дека на Повратницата од доставената наредба, тој бил точно наведен.

Навистина ли мислат дека некој ќе поверува во оваа вербална гимнастика? И едните тврдат дека се во право, и другите, а рочиштето одложено. Изгледа шашаво, ама функционира, со години. Не е во прашање ни достава, ни повратница, туку една сеопшта повраќаница, која повторно треба да ги замагли трагите како некои предмети лека полека се возат кон сигурно застарување.

Целата колумна на Катерина Блажевска ма ПРИЗМА МК

Back to top button
Close