На територија на СВР Битола санкционирани 18 возачи под дејство на алхокол


Осумнаесет возачи кои возеле под дејство на алкохол се санкционирани синоќа во акциска контрола на полицијата на територија на СВР Битола.

Од нив, 10 возачи биле од Битола, четворица од Прилеп, двајца од Ресен и по еден возач од Демир Хисар и Македонски Брод.

Контролата е спроведена од 22 до 04 часот, а откриени биле и 16 други прекршоци.

Back to top button
Close