На Тик Ток објавено е видео од напад врз момче

На апликацијата Тик Ток е објавено видео од напад на младо момче во Македонија на засега непозната локација.

На профилот @problem1 на Тик Ток, каде што е објавено видеото, јасно се гледа лицето на момчето кое го тепаат додека го снимаат.

Видеото е објавено со натпис вистински Тик Ток, тупаница и македонско знаме, додека на момчињата кои го удираат е додадено албанско знаме.

Видеото наиде на голем број на реакции на социјалните мрежи, корисниците го споделуваат видеото со надеж дека институциите ќе го истражат случајот.

Back to top button
Close