На три пункта во велешката болница на помош припадници на Армијата и на МВР
На три пункта на главниот влез во Општата болница во Велес, како и пред засебните згради на Инфективното одделение и на Одделението за физикална медицина на помош на чуварските служби на болницата во услови на пандемија со КОВИД-19 од четврток се и вработени од Армијата и МВР, информира за МИА, д-р Весна Неделковска Николова портпарол.
На прашање на МИА, дали во болницата ќе се прави довод за кислород таа информира дека таков довод ќе се направи во новата монтажна Ковид болница за која подготовките на теренот се во тек заедно со неопходните инсталациии за нејзино функционирање.
Таа информира дека во велешката болница денеска хоспитализирани се вкупно 68 пациенти од кои 56 потврдени позитивни, 7 сомнителни и 5 со негативни тестови. Од 25 пациенти се на кислородна поддршка.
На двете Ковид одделенија Инфективно и Физикално, информира дека се уште има слободни кревети. Синоќа пред полноќ починал маж од Велес на 71 година примен претходниот ден во тешка општа состојба со ниска сатурација на кислород, непотврден на Ковид.