На Јутјуб објавена нова аудиоснимка за Мицкоски,се споменуваат Заев и Рашковски

 

На Јутјуб каналот „Раце лепливи“ попладнето се појави нов аудио материјал во кој повторно, како што се пишува во транскриптот, наводно се слуша гласот на Зоран Милески-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“ и на наводно, контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Давидовиќ- Дака.

Во снимката која трае околу 12 минути, двајцата соговорници ги споменуваат имињата на генералниот секретар на владата Драги Рашковски, а се слуша и името на поранешниот премиер, а актуелен претседател на СДСМ Зоран Заев.

Соговорникот кој зборува на српски јазик споменува дека му дал пари на Милески, се споменува референдумот и неостварени ветувања кои му била дадени на Давидовиќ за бизниси поврзани со хидроцентрали и со ветерници во Тетово и во Штип.

Оваа снимка следува откако на истиот Јутјуб канал претходните денови беа емитувани аудио записи и една видео-снимка на која се слуша гласот на поранешниот директор на Фондот за здравство Ден Дончев.

Поради снимките, Дончев беше повикан на информативен разговор во МВР.

Утрото беше објавена и аудио снимка од разговор меѓу Милески и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски во кој тој му изразува благодарност на бизнисменот Камчев за помошта која му ја пружил, но и укажува дека тој е единствениот кој се бори птотив донесувањето на измените на Законот за јавното обвинтелство, кои би можеле да му наштетат на Камчев.

 

Back to top button
Close