На Варшавскиот универзитет  одбранета  докторската дисертација под наслов ,,Луан Старова: реконструкциа на Балканската свест’’ – Монографија за  “балканската сага” во Полска

Неодамна, на Варшавскиот универзитет Марија Куглерова успешно ја одбрани докторската дисертација под наслов ,,Луан Старова: реконструкциа на Балканската свест’’, под менторство на познатата полска професорка и компаратист,  Јоланта Сујецка.

Станува збор за монографско дело посветено на животот и делото на писателот Луан Старова, со посебен нагласок на  неговата ,,балканска книжевна сага’’, составена од, досега објавени дваесетина романи, преведувани на, исто толку, јазици.

Во својот монографски труд, Куглерова за реконструкцијата на балканската свест низ делото на Старова, откако врши прониклива анализа на сите романи од “балканската сага” и синтеза на доминантните обележја, го изведува заклучокот дека авторот успева да ја предочи колективната балканска  свест, преку отвореноста и минувањето на границите од секаков вид, преку  минувањето од територијата на еден јазик во друг.

Балканот е успешно третиран и функционално поставен во “балканската сага”, преку неговите мултикултурни, мултијазични и мултиетнички капацитети.

Од тоа произлегува дека човекот на Балканот може да има повеќе домови…

Академик Луан Старова, со своето романескно создателство, последниве години, силно го привлече и вниманието на европската книжевна и научна јаваност.

Праиската книжевна критика, веќе забележа дека делата од “балканската сага” на Старова ,,се вбројуваат во редот на големите европски романи.’’

Интересот за ,,балканската сага’’ во Полска доаѓа по објавата на култниот роман на Старова Времето на козите кој беше номиниран и високо рангиран за најпрестижната полска книжевна награда ,,Ангелус’’, за дела објавени и преведени на полски јазик од Централна и Источна  Европа.

Веле Митаноски

Back to top button
Close