Највисока инфлација во последните 13 години: Животот во еврозоната поскапува

 

Инфлацијата во еврозоната е во постојан раст. Таа во септември била на на највисоко ниво во последните 13 години, пренесува Дојче веле.

Цените во септември годинава биле за 3,4% повисоки во споредба со истиот месец лани, соопшти Евростат. Тоа значи највисока инфлација во последните 13 години.

Особено зголемување на цените во септември има кај енергијата, која е за цели 17,6% поскапа отколку во септември 2020 година. Цените на индустриските добра пораснале за 2,1%, а животните намирници чинеле 2% отколку пред една година. Услугите, пак, бележат зголемување од 1,7%.

Европската централна банка прави напори инфлацијатасреднорочно да изнесува околу 2%. Според ЕЦБ, сегашниот раст на инфлацијата е само привремен и се должи на многу посебни услови, од кои најголем дел се поврзани со пандемијата.

Inflation | Heizkosten EnergieЦените на енергијата во септември годинава биле за цели 17,6% повисоки отколку во септември 2020 година

Психолошкиот ефект може и натаму да ја зголемува инфлацијата

Стравот на фирмите и потрошувачите од висока инфлација би можел и натаму да влијае врз зголемување на инфлацијата, се оценува во нова студија на Германскиот институт за економски истражувања (ДИВ). Институтот вчера соопшти дека класичните поттикнувачи на инфлацијата, како притисокот за плати, потрошувачката и производствените трошоци во моментов се главно умерени и делуваат само привремено. „Меѓутоа, ризик произлегува од очекувањата во врска со инфлацијата, кои би можеле да ја поттикнат спиралата плати-цени“, оценува ДИВ.

Производствените трошоци, кои важат за вовед во општо зголемување на цени, во септември биле повисоки за 14,2% во споредба со претходната година. Такво зголемување последен пат е забележано во времето на првата нафтена криза во октомври 1974 година.

„Она што во моментов ја зголемува инфлацијата се пред сѐ привремени ефекти, кои меѓутоа, за жал, доаѓаат сите истовремено“, вели економистката Керстин Бернот од ДИВ. Проблемите со доставување, кои во моментов значително ги зголемуваат трошоците на производство, би требало да ги снема во 2022 година, нагласува Бернот и додава: „Опасност претставуваат очекувањата, кон кои придонесува и информирањето во моментов, кое крева аларм.“

Доколку потрошувачите, но и компаниите, сметаат дека цените и натаму ќе се зголемуваат, луѓето ќе купуваат однапред и ќе бараат повисоки плати. „Компаниите, пак, ќе ги зголемуваат своите цени доколку сметаат дека ќе мора да исплаќаат повисоки плати и доколку сметаат со повисоки производствени трошоци.“

Back to top button
Close