На вонреден технички преглед упатени 102 товарни моторни возила

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден во периодот од 7 до 12 часот спровело акциска контрола на територијата на државава за санкционирање возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи при управување на товарни моторни возила. При контролата 102 товарни моторни возила биле упатени на вонреден технички преглед од кои неисправни биле 32 и тоа: 12 поради техничка неисправност на уредот за запирање, 11 за неисправни системи и опрема, три за претовар, две возила биле со неисправен уред за управување…

Во однос на возачите, како што информираат од МВР, 12 возачи бесправно управувале со возило, шест возеле без возачка дозвола, еден возач управувал возило за време на впишана прекршочна санкција „забрана за управување”… При контролата санкционирани се и 104 останати прекршоци.

Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Back to top button
Close