„На Заев сум пратил само една-две пораки“, вели Пендаровски

По повлекувањето од премиерската функција, некогашниот претседател на Владата, Зоран Заев за момент исчезна од македонската јавност.

Запрашан за неговиот однос, претседателот на Македонија, Стево Пендаровски во гостувањето во Утрински брифинг само кратко рече:

„Последно му испратив една-две пораки на Заев. Знам дека тој се пресели во Струмица и таму живее. Соопшти дека ќе формира некоја фондација со која ќе сака да остварува активности“, рече Пендаровски.

Back to top button
Close