Набавени 80.000 вакцини против сезонски грип – имунизацијата традиционално ќе почне во втора половина на месецов

Министерството за здравство информира дека е потпишан договор за набавка на 80.000 вакцини против сезонски грип. Во тек на следна недела се очекува да пристигнат вакцините, по што традиционално, имунизацијата против грип ќе почне во втората половина на месецов.

Годинава се набавени најголем број вакцини за оваа намена досега. Станува збор за четиривалентна вакцина од реномираниот производител Абот од Холандија.

Потсетуваме дека со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните групи население, како што се: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во установи за социјална заштита на стари лица.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми и компликации, особено кај ризичните групи.

Back to top button
Close