Набавени се 4.000 комерцијални вакцини против грип за Скопје, може да се купат за 800 денари

Четири илјади комерцијални вакцини против грип набави Центарот за јавно здравје за територијата на Скопје. Вакцините се очекува да пристигнат следната недела, а нивната цена ќе биде 800 денари, пренесе Слободен печат.

 

 

Годинава цената за вакцината е покачена за 200 денари поради тоа што и набавната цена се покачила и таа изнесува 620 денари. Вакцината ќе се спроведува повторно во Центарот за јавно здравје како и секоја година.

Покрај овие вакцини кои граѓаните ќе може да ги купат, Министерството за здравство набави 40.000 бесплатни вакцини против сезонски грип кои ќе бидат наменети за ризичните групи и тоа стари лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од шест месеци до пет години.

повеќе

Back to top button
Close