НАБАВИЛЕ ОПРЕМА ПО ДВОЈНО ПОСКАПА ЦЕНА! Афера „тракторче“ и во Аеродром!
Општина Аеродром набави механизација за одржување на зелени површини во вредност од 2.998.498 денари или 49.000 евра.

Општината набавува механизација за одржување на јавни зелени површини (две парчиња по 473.000 денари), тракторска косилка со предно косење со мулчер (две по 499.000 денари), моторна косилка за трева ( пет по 42.690 денари), тример за косење (Пет по 36.400) и грбна дувалка за лисја (пет по 40.330 денари)

Што е проблемот? Што оваа опрема чини неколку пати повеќе од пазарната цена. Имено, тракторчето е набавено двојно поскапо од тоа што може да се најде како цена на интернет. За поевтино се наоѓаат дури и косилките за трева, тримерите за косење и грбните дувалки. Вакви алатки се наоѓаат со почетна цена од околу 10.000 денари, нормално дека има и поскапи, но механизацијата на Општина Аеродром можела да биде набавена за многу помала цена, доколку на јавната набавка се пријавеле повеќе од еден понудувач.

Но овде се пријавила само компанијата која го доби тендерот.

Ова е слично на аферата „тракторче“ која Инфомакс ја објави за Велес, каде платија по 50.000 евра за тракторчиња вредни 3.000 евра.
Детали за аферата во Велес прочитајте во продолжение: