Началник во полиција во Атланта суспендиран поради контроверзна објава

Началник на локалната полиција на подрачјето на Атланта, во сојузната држава Џорџија, е суспендиран и е под истрага затоа што на својот профил на Фејсбук објави дека не го поддржува движењето „Животите на црнците се важни“.

Началникот Крис Баерс на својот профил на Фејсбук објави текст полн со контроверзни проценки и напади врз афроамериканската заедница, која ја обвини дека не ги поддржува доволно припадниците на полицијата. Тој оцени дека со поддршка на движењето „Животите на црнците се важни“ се глорификуваатт убиствата на (американски) браќа и сестри.

Властите информираа дека по објавата на Баерс почнале прво да собираат податоци за него, а сега истрагата е „насочена на други прашања кои не се поврзани со објавата на Фејсбук“.

Back to top button
Close