Началникот е сменет ама каде е печатот прашува Мицковски. Го потсетува обвинителството да ја проверело директорката за „финансиски злоупотреби“
Началникот кој постапил надвор од овластувањата за време на претрес во Демир Хисар, е суспедниран односно сменет, вели премиерот Христијан Мицкоски, и додава дека доколку има пречекорувања кои имаат и кривична одговорност ќе има и други мерки. Нема повластени и секој кој ќе згреши ќе си сноси одговорност. Но потенцира, треба да се констатира и да се преземат и мерки за директорката, за која од страна на ДПИ, се констатирани големи неправилности поради кои е и разрешена. Некој, вели, треба да даде одговор во јавноста за исчезнувањето на печатите и документи од училиштето.
– Овој случај лично го следев деновиве од блиску. МВР реагираше како што реагираше. Началникот којшто постапува надвор од овластувањата е суспендиран, односно сменет. И тоа е тоа што може да го констатира во овој момент внатрешната истрага и процедурите на МВР. Доколку има пречекорувања коишто имаат и кривична одговорност се разбира и тоа ќе се случи. Нема да има повластени не е ова ВМРО, не е ова СДСМ и ДУИ, ова е Влада во која што ВМРО ДПМНЕ е на страната на граѓаните. И мора секој оној којшто ќе се огреши, без разлика од каде е, да сноси последици за тоа го што направил – изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање по увидот во изградбата на училишна спортска сала во Петровец.
Вториот дел од вистина, нагласува премиерот Мицкоски, која што за жал никој не ја пренел е фактот дека во работењето на директорката, од страна на ДПИ, се констатирани големи неправилности финансиски, но и друг тип.
– И тоа е причината зошто таа добива решение за да биде променета, а главното прашање кое што треба да и се каже на јавноста, на која што таа треба да одговори е, зошто ги снемува печатите и дел од документите во училиштето по нејзината смена. Тоа е суштината. Тоа што тој началник постапил надвор од овластувањата, и спротивно на ЗКП тој ќе си сноси последици. Но, суштината е зошто никој не го коментира работењето на сменетата директорка, и зошто никој не го коментира во јавноста исчезнувањето на печатите и документи од училиштето – рече Мицкоски обидувајки се да ги демантира тврдењата на директорката на средното училиште во Демир Хисар дека зад ваквото скандалозно постапување на полицијата има полтичка позадина односно брзање за печатите за да вечерта во последен ден бидат потпишани партиски вработувања на 3 лица во училиштето
Директорката Лозановска и нејзиниот адвокат тврдат дека незаконскиот обид за приведување бил обид на власта да ги добијат печатите од училиштето и затоа полицијата дошла во вечерните часови и направи драма пред домот на директорката заканувајки се дека ако е на боледување со носилки ке ја однесат на распит во полиција.
Директорката и нејзиниот адвокат најавија дека утре (вторник) претпладне ќе одат на распит во полиција но ќе побараат и полициска придружба кога ке одат во учииштето за да се утврди кој ја обил канцеларијата на директорката во нејзино отсуство. Директорката кажа дека печатите за кои беше целата драма и демонстрацијата на сила на полицискиот началник се во металниот сеф во службените простории.