Началникот на Генералштабот на пакистанската армија, генерал Асим Мунир, ќе биде унапреден во фелдмаршал

 

Началникот на Генералштабот на пакистанската армија, генерал Асим Мунир, ќе биде унапреден во чин фелдмаршал, соопшти денеска кабинетот на пакистанскиот премиер Шебхаз Шариф.

Ова е првпат по речиси 60 години генерал да биде унапреден во ваков ранг, јавија британските медиуми.

Неговото унапредување, одобрено од кабинетот на премиерот Шехбаз Шариф, доаѓа неколку дена по најжестокиот воен судир со Индија во последните речиси три децении, соопштија  британските медиуми.

„Тоа е признание за стратешката брилијантност и храбро лидерство што ја обезбеди националната безбедност и решително го победи непријателот“, наведе Шариф во соопштението.

Според неименуван безбедносен службеник, фелдмаршал е церемонијален чин со пет ѕвездички што обично означува исклучително лидерство и воени достигнувања.

Ова е прво унапредување откако пакистанскиот генерал Ајуб Кан се прогласи за фелдмаршал во 1965 година, рече тој.

Мунир ќе остане началник на Генералштабот на пакистанската армија.

Back to top button
Close