Началникот на СВР Тетово на повисока позиција во МВР – против него има кривична за примање поткуп и злоупотреба на службена положба

Началникот на Секторот за внатрешни работи Тетово, Амир Далипи, од Тетово заминува на повисока позиција во Министерството за внатрешни работи. Оваа информација ја потврдија од МВР, од каде додаваат дека Далипи заминува на друга позиција на негово барање.

-Началникот на Секторот за внатрешни работи Тетово, Амир Далипи, кој повеќе од пет години со успех ја извршуваше оваа функција, на негово барање, од утре заминува на друга, висока позиција во Министерството за внатрешни работи во Скопје. Во изминатите пет години, покрај другото, началникот Далипи посебно внимание и посветуваше на транспарентноста и отчетноста пред јавноста за сите реализирани мерки и активности, преку отворена и конструктивна соработка со сите медиуми. До назначувањето на нов началник на СВР Тетово, должноста ќе ја врши помошникот началник во СВР Тетово, Ивица Михајловски, велат од МВР.

Но, како што пренесува „Фокус“, група граѓани кон крајот на јуни против Далипи поднеле кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за кривичните дела „примање поткуп“ и „злоупотреба на службената положба“.

повеќе

Back to top button
Close