Националниот павилјон на 60. Венециско биенале од 2024 во Чифте амам

Во Националната галерија во Чифте амам вечер ќе биде отворен македонскиот павилјон на 60. Меѓународна ликовна изложба при Венециското биенале 2024 година. Станува збор за проектот „Inter Spem et Metum“ на уметничката Славица Јанешлиева.

Трансмедијалниот и транснаративен проект „Inter Spem et Metum“ на Славица Јанешлиева претставува визуелно прочистена и концептуално осмислена просторна инсталација која не флра во цивилизацискиот дебрис на еден мошне сензитивен и бајковит начин.

-Низ повеќедимензионални медиумски платформи и материјали, како пердуви, лед-неонски натписи, проекции, огледала, Јанешлиева не впушта во неколку концептуално-наратолошки матрици каде не соочува со чувството да си странец и тоа оној кој е насекаде, во мене, во тебе, во нив, во нас. Поточно таа не соочува со прифаќањето или неприфаќањето на одвоените кфалификативи од оние на мноштвото, без оглед дали различноста се базира на полот, сексуалната определба, изгледот, појавата, однесувањето, болест, националност, религија, јазик, политичко убедување…Не соочува и со чувството на самостигматизација, автоцензура, самокритика, заради наметнатите очекувања, соопштија од Националната галерија.

Проектот ќе биде поставен во Чифте амам до 31 јули. Куратор на проектот е Ана Франговска.

Фото: Национална галерија

Back to top button
Close