Националните паркови во САД го додадоа роденденот на Трамп како ден со бесплатен влез

Националната служба за паркови на Соединетите Американски Држави го додаде роденденот на актуелниот претседател Доналд Трамп – 14 јуни – на списокот на денови кога националните паркови може да се посетат без плаќање влезница. Истовремено, истиот датум се совпаѓа и со одбележувањето на Денот на знамето.

Според измените што ги соопшти Националната служба, новата листа на денови со бесплатен влез повеќе не ги вклучува Денот на Мартин Лутер Кинг Помладиот и Денот на националната независност – Џунтинт, кој се празнува на 19 јуни како спомен на укинувањето на ропството во САД.

Овие промени доаѓаат само неколку недели по одлуката на администрацијата на Трамп да ги зголеми надоместоците за посетители што не се американски државјани или постојани жители, пренесува CBS News.

Претходната администрација на Џозеф Бајден ги прогласи Денот на Мартин Лутер Кинг Помладиот и Џунтинт за датуми кога националните паркови се посетуваат без надомест, како дел од политиките за проширување на пристапот и одбележување на значајни датуми од американската историја.

Новата промена предизвика реакции во јавноста, особено поради укинувањето на двата датуми што имаат силна историска и граѓанска симболика.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close