Нацрт-одлуката за прогласување на дел од Водно за заштитен предел достапна за увид и коментари

– Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) врз основа на доставената Студија, изработи Нацрт на Одлуката за прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел.

– Со оваа одлука дел од планината Водно заради своите геолошки, геоморфолошки и биолошки вредности, како и посебното значење за жителите на Град Скопје, се прогласува за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, а Градот Скопје е определен да управува со заштитеното подрачје, соопшти МЖСПП.

Предлог актот е достапен за увид и коментирање на веб страницата на МЖСПП и на Единствениот национален електронски регистар на прописи на РСМ (ЕНЕР), а јавна расправа по предлог актот ќе се одржи помеѓу 1 и 5 февруари 2021 година, со дополнителна најава.

Мислења, забелешки и сугестии можете да се достават на електорнската адреса: [email protected] .

Back to top button
Close