Над 300.000 евра за патни трошоци за пратеници за 13 месеци

Од почетокот на мандатот на актуелниот парламентарен состав, 65 пратеници добиле надоместок за патни трошоци. Највисоката сума исплатена на пратеник е 13.200 евра или по околу 1.000 евра месечно. Девет пратеници, пак, решиле да изнајмат стан за што месечно се плаќаат најмногу по 400 евра, пренесе РСЕ.

Собранието на Република Северна Македонија исплатило 18,6 милиони денари или околу 303.320 евра за патни трошоци што ги побарале пратеници за период од 13 месеци, покажуваат податоците кои редакцијата на Радио Слободна Европа (РСЕ) ги добила преку слободен пристап до информации од јавен карактер.

Податоците покажуваат дека сумата од 303.320 евра – од кои 26.717 за патарини и 276.603 за гориво, е исплатена за 65 од вкупно 120 пратеници од актуелниот парламентарен состав и тие се однесуваат на периодот од денот на одржување на конститутивната седница – 28 мај 2024 до 30 јуни 2025 година.

Во истиот период, девет пратеници го искористиле правото на закуп на стан за што биле потрошени 44.522 евра.

Колку подалеку од Скопје толку повеќе патни трошоци

Од актуелниот собраниски состав, како што беше и случај во претходните, најмногу пари за патни трошоци земаат пратениците кои имаат „најголема километража“ односно живеат најдалеку од Скопје.

Највисока сума за претходните 13 месеци му била исплатена на пратеникот ВМРО-ДПМНЕ Кире Божиновски од Ресен. Тој зел околу 13.200 евра (810.897 денари) или во просек по 1.000 евра месечно.

Неговиот сопартиец од Прилеп, Петар Ристески е втор на листата со 12.000 евра (741.375 денари).

Координаторот на пратеничката група на ВЛЕН (ВРЕДИ) Беким Ќоку, кој доаѓа од Струга, добил околу 10.800 евра (661.892 денари).

Со сума од речиси 10.000 евра (603.631 денар) е и уште еден пратеник од Струга, Јован Митрески од СДСМ.

Повеќе

Back to top button
Close