Над 40 пожари во дебарскта депонија за само една недела

Во Дебарската депонија и понатаму има секодјевно пожари кои директно го загрозуваат здравјето на жителите на градот и оконите села . За само една недела регистрирани голем број на пожари за што противпожарната територијана единица од Дебар регистрирала 4о интервенции. Оваа го изјави денеска командирот на единицата Џетан Мифтаровски ,кој нагласи дека пожарите во депонијата се континуирани . Според Мифтаровски се прават сите напори за да надлежните институции ги откријат причините . Во оваа насока е постојана соработката со надлежните инститиции вели тој. Пожарите создаваат големи здраствени проблеми на дебарчани .

Дебарската депонија која е управувана од страна на комуналкното претпријатие ,,Стандард,, се наоѓа во близина на поатот Дебар – граничен премин е создава големи проблеми . Соработката со комуналното претпријатие и локалната власт е на високо ниво кога е во прашање одржувањето на депонијата но сепак поѓарите во истата се присустни , за што има и информации дека истата се опожарува и намерно .

Инаку последните денови се регистрирани и 6 пожари на отворен простор во периферијата на Дебар, но без некои големи матријални штрети , бидејки интервенциите на едницата се брзи и ефикасни вели командирот Мифтаровски.
КМ

Back to top button
Close