Над 50.000 починати од Ковид-19 во домовите за стари лица во САД

Бројот на смртни случаи од коронавирус во домовите за стари и изнемоштени лица во САД изнесува 50.919 лица, пишува „Волстрит џурнал“.

Според весникот, во домовите за стари лица во САД се регистрирани повеќе од 250.000 заразени со Ковид-19, како меѓу штитениците, така и меѓу персоналот.

Ако овие податоци се споредат со вкупниот број на смртни случаи од коронавирус во САД, кој е околу 116.000, тоа значи дека повеќе од 40 проценти од жртвите од заразата се регистрирани во домови и центри за долготрајна нега на стари и изнемоштени лица, се наведува во текстот на весникот.

Медиумот тврди дека реалниот број на починати во центрите за долготрајна нега веројатно е поголем, бидејќи податоците би можеле да се добијат со задоцнување, а исто така постојат и разлики во размената на информациите меѓу одредени држави.

Back to top button
Close