Над 62.000 украински војници обучени во Велика Британија од 2022 година

Генералштабот на украинската армија денеска на својата веб-страница објави дека од 2022 година повеќе од 62.000 припадници на украинските вооружени сили биле обучени во Велика Британија во рамките на програмата за обука, чие финансирање е продолжено до крајот на оваа година.

Обуката вклучува тактички операции на мали единици, ракување со оружје, деминирање, тактичка медицина и урбано и рововско војување.

Програмата ја надгледува британската армија, а учествуваат инструктори од повеќе од десет земји од Европа, Северна Америка и Океанија.

„Програмата постојано се ажурира за да го одрази борбеното искуство стекнато од украинските вооружени сили и еволуцијата на непријателските тактики“, се наведува во соопштението, пренесува париски „Ле Монд“.

Back to top button
Close