Над 7.000 новозаразени и речиси 50 починати во Србија

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 7.271 новозаразени со коронавирус, а 46 лица починаа.

Министерката за труд, Дарија Кисиќ – Тепавчевиќ изјави дека 80 проценти од пациентите со коронавирус на интензивна нега се невакцинирани.

„Тоа е јасна порака. Се случува и луѓето кои се вакцинирани да се разболат, меѓутоа, по правило, се работи за поблага форма на болеста, така што досегашното искуство покажува дека вакцината спасува животи“, рече Кисиќ – Тепавчевиќ.

Вирологот и микробиолог Миланко Шеклер за РТС изјави дека е предоцна за ковид – пасоши.

Според него, најголем проблем, што се однесува до влошувањето на состојбата со епидемијата, се големите собири, веселби, свадби, спортски настани и концерти без никаква контрола.

„Кога се фалевме со големиот број вакцинирани луѓе и дека сме лидери во Европа и светот по вакцинации, кога бараа од мене да коментирам, јас реков – немојте да поминеме како во спортот, добро да почнеме, а да изгубиме на крајот. Сега се случува слична работа“, посочува Шеклер.

Back to top button
Close