Над илјада новинари сакаат да присуствуваат на средбата Путин – Бајден

Повеќе од илјада новинари се пријавиле да известуваат од состанокот меѓу претседателите на САД и на Русија, Џо Бајден и Владимир Путин, кој ќе се одржи на 16 јуни во Женева, изјави денеска портпаролот на швајцарското Министерство за надворешни работи, Пјер-Алан Елтшингер.

– Аплицирале повеќе од илјада новинари, истакна Елтшингер.

Според него, швајцарското МНР ќе продолжи да ги проверува податоците во пријавите, со цел побрзо да заврши процесот на акредитација.

Back to top button
Close