Над сто кубни метри смет собран кај православните гробишта

-Околу 100 метри кубни смет со десетина камиони денеска се однесени од локацијата кај православните гробишта во Тетово која наликува дива депонија поради фрлените купишта отпад. Вработените од работната единица „Комунална хигиена“ при ЈКП Тетово со багер ги подигаа огромниот број отпадоци и цврст отпад за да ги натоварат на камиони.

-Оваа локација постојано се користеше за фрлање на смет пред сè на луѓе од другите места. Беше договорено со мештаните да им се собира сметот од нивните куќи и да се тргне пет тонскиот контејнер но за жал продолжи несовесни поединци од други населби и села сметот да го носат и оставаат на земја со што се формира наново како дива депонија. Затоа беше денес потребно да се собере и однесе големиот куп на смет. ЈКП вака ја завршува работата со подигање на сметот, додека несовесните постапки односно тие што фрлаат смет таму треба да ги санкционираат надлежните комунални инспекции и полиција, потенцираат од „Комунална хигиена“.

Од таму потенцираат дека преносот на сметот е извршен со пет камиони што собираат по 12 метри кубни и пет возила со осум метри кубни капацитет за пренос на товар.

Back to top button
Close