Надал го избра „идеалниот“ и зборуваше за Федерер и Новак

– Тони Надал, поранешен тренер на Рафаел Надал, го „создаде“ својот најдобар тенисер, комбинирајќи ги доблестите на само тројца играчи.

„Големите тројца“ се најдоа во изборот на шпанскиот тренер.

Тој несомнено го избра сервисот и волејот што го има Роџер Федерер во својот репертоар.

Чичко Тони имаше поголем проблем во селекцијата со форхендот, бидејќи се двоумеше меѓу Федерер и Рафа, а сосема јасно дека бекхендот на Ѓоковиќ е идеален за него.

Во однос на менталната сила, тој ги одбра и Новак и Рафа.

– Секогаш беше потешко кога Рафа играше против Новак, изјави Недал неодамна.

Потоа истакна дека знаел какви тактики да му препорача на својот внук за дуелот со Федерер.

– Кога станува збор за Ѓоковиќ, многу пати не знаевме што да правиме, истакна Надал.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close