Надал избори четвртфиналето на турнирот во Париз

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го победи Австралиецот Џордан Томпсон во два сета во третото коло на Мастерсот во Париз

Во меч што траеше еден час и 35 минути, Надал го доби првиот сет со 6:1, во вториот беше 7:6 (7-3) по тај-брејк.

Следниот противник на Шпанецот ќе биде Пабло Карено-Буста.

Наградниот фонд на АТП Ролекс Мастерсот во Париз изнесува 3,9 милиони евра.

Back to top button
Close