Надал стави крај на кариерата, откри по што сака да го паметат

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одржа емотивен говор по пензионирањето.

„Бикот од Мајорка“ го одигра последниот натпревар против Ботик ван де Зандшулп во Дејвис купот, а Холанѓаните продолжија со вкупни 2-1.

„Имам толку многу луѓе на кои треба да им се заблагодарам. Тешко е да се започне. Благодарност до навивачите. Тоа беше 20-годишна кариера во која секогаш ме носеше. Ми помагаше да го освојам следниот бод, во добри времиња. Во лошо, да продолжи да се бори. Шпанија, светот воопшто, среќен сум што добивам толку многу љубов, особено овде во Шпанија. Сакам да и честитам на Холандија за победата и да и се заблагодарам на целиот шпански тим што ми дозволи да играм Дејвис куп. Не испадна како што сакавме. Дадов се што имав и од се срце ви благодарам за можноста овие неколку дена да ги поминам како професионалец во тимот“, изјави Надал и додаде:

„Реалноста е дека никогаш не сакаш да дојде до оваа точка. Не сум уморен од тенис, телото само дојде до точка каде што повеќе не сака да игра тенис“.

Надал потоа им се заблагодари на сите што беа со него – компанијата, здружението, спонзорите, семејството.

Рафа истакна дека сака да биде запаметен како добар човек.

„Титулите, бројките се таму, луѓето го знаат тоа, но јас би сакал да бидам запаметен како добар човек од мал град во Мајорка кој имал среќа да има вујко кој бил тениски тренер кога бил млад и одлично семејство кое ме поддржуваше во секое време отколку што можев ни да сонувам“, нагласи меѓудругото

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close