Нагелсман: Ако победи Гвардиола победи, сите би рекле „тактика од светска класа“

Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман зборуваше за елиминацијата на Манчестер сити од Лигата на шампионите. Вицешампионот на Англија предводен од тренерот Пеп Гвардиола, загуби во четвртфиналето од Лион 1:3. Многу експерти сметаат дека необичната тактика на Сити со тројца централни дефанзивци е главна причина за поразот.

– Не можам да кажам ништо за одлуката на Пеп, затоа што не знам колку често тренираа со тројца бранители. Во секој случај, формацијата не беше доволно разработена. 4-3-3 или 3-4-3, мислам дека не е толку важно за Кевин де Брујн. На крајот на краиштата, ова се само индивидуални ситуации. Премногу е лесно да се обвинуваат тактиките. Ако победеше Манчестер, сите ќе кажеа: „Тактика од светска класа! Тој ги изненади сите! – изјави Нагелсман.

Лајпциг утре во полуфиналето од ЛШ ќе игра со ПСЖ, додека Лион задутре ќе се сретне со Баерн Минхен.

Back to top button
Close