Награда за „Втора шанса“ на Марија Џиџева на 10. Фестивал на кинематографиите на ЈИЕ

– Македонскиот филм „Втора шанса“ на режисерката Марија Џиџева ја освои наградата на студенското жири на INALCO-Paris-Cite-Sorbonne на десеттото издание на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа SEE a Paris 2020.

Фестивалот заврши синоќа, со објавувањето на наградите. Фестивалот, кој веќе две години е под покровителство на Министетрството за култура на Република Франција, се отвори на втори јуни. На отворањето, и оваа година беа доделени трационалите награди за животно остварување: SEE Legend 2020 на бугарскиот сценарист Ангел Вагенштајн и SEE Actress 2020 на косовската актерка Арта Доброши.

Наградата Europa Prima 2020 и се додели на поранешната амбасадорка на Франција во Република Северна Македонија Лоранс Оер, додека францускиот филмски автор Патрик Ротман се здоби со престижното признание „Frederic Rossif“ за особени остварувања во филмската документаристика.

За време на фестивалските денови пред француската публика се презентира селекција од играни, кратки, документарни и анимирани филмови од 15 земји од регионот, која предизвика голем интерес.

Жирито во состав: Макс Азуле, претседател, Фредрик Фапани, Роман Костовски, Ив Русле и Патриција Корбет наградата за најдобар филм му ја додели на турскиот филм „Омар и ние“ (Omar and us), кој ги понесе и наградите за најдобро сценарио и најдобра машка улога (Чем Бендер).

Косовскиот филм „Студен ноември“ (Cold November) ги понесе наградите за најдобра женска улога (Адриана Матоши) и наградата на „Salon du livre des Balknas“. Наградата за најдобра режија му припадна на Милутин Дариќ – Дака за црногорскиот филм „Дофати го небото“, за најдобар документарен филм беше прогласен филмот на Невен Хитрец „Натегање“од Хрватска, најдобар анимиран филм „Природна селекција “ (Алета Рајиќ) од Босна и Херцеговина, а најдобар краток филм „Бунари“ (Раду Запоројан) од Молдавија. Наградата на специјалното жири „Париз-Дакар“ ја понесе словенечкиот документарен филм „Недопрено“ (Undamaged).

Годинашното јубилејно десетто издание на фестивалот, поради вонредната ситуацијата предизвикана од пандемијата со Ковид-19, се одвиваше онлајн, благодарение на поддршката од фестивалската платформа Cinesquare.net и продукциската куќа Cutaway.

Back to top button
Close