Наградата „Ристо Шишков“ за Дарја Ризова

 

Актерката Дарја Ризова ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 30. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој вечерва заврши во Струмица. Таа е наградена за улогата на Маша во претставата „Нема да биде крај на светот“ по текст на Аднан Лугониќ, во режија на Нина Николиќ, копродукциска претстава на Македонскиот народен театар, Перипетија продукција-Скопје и Сараевскиот воен театар САРТР- Сараево.

Наградата на Ризова, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра, и ја врачи претседателот на Советот на Општина Струмица, Марјан Даскаловски.

Одлуката на фестивалското жири ја образложи претседателката, ланската лауретка, Звездана Ангеловска, во кое покрај неа играта на актерите ја оценува и актерите Нико Горшиќ и Петар Арсовски.

Back to top button
Close