Наим Касем: Хезболах продолжува со отпорот, нема враќање на старо

Лидерот на групата Хезболах, шеикот Наим Касем, вети денеска дека неговото движење ќе ја продолжи кампањата против Израел, отфрлајќи какво било враќање на претходната состојба додека траат борбите.

– Отпорот ќе продолжи до самиот крај – порача Касем во обраќањето на телевизијата „Ал Манар“.

Тој ги повика ливанските власти да прекинат со „бесплатните отстапки“ за време на дискусиите за прекин на огнот. Касем додаде дека Израел, и покрај 40-дневните операции, не успеал да ги спречи нападите врз своите населби.

Овие пораки доаѓаат во пресрет на најавените директни преговори меѓу Израел и Либан следната недела, кои според израелски извори, ќе се фокусираат на разоружување на Хезболах. Дипломатските активности се одвиваат паралелно со напорите во Пакистан, каде што денеска треба да започнат разговори меѓу Вашингтон и Техеран. Овие процеси се сметаат за клучни за стабилизација на регионот, вклучително и за безбедноста на пловидбата низ Ормуска Теснина.

Back to top button
Close