Наинголан ќе го пропушти мечот со Сасуоло поради повреда

Играчот за врска на Интер, Раџа Наинголан нема да може да учествува во натпреварот од 9. коло на италијанскиот шампионат против Сасуоло, соопштува прес-службата на „нероаѕурите“.

Триесет и двегодишниот Белгиец се здоби со повреда на мускул на десната нога.

Сезонава Наинголан одигра пет натпревари за Интер и нема постигнато гол.

Back to top button
Close