Наковска-Бикова е прва во светот во стрелаштво за спортисти со инвалидитет

Предводена од нејзиниот тренер Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиновски, во мошне квалитетно и драматично финале, Наковска-Бикова по првите пет истрели се најде на второто место на табелата, а веќе по завршување на втората серија од пет истрели ја презеде лидерската позиција и успеа да ја одржи до последниот куршум. Се работи за дисциплината пиштол-слободен избор 25 метри.

фото: твитер/принтскрин

Македонската параолимпијка Оливера Наковска-Бикова оствари фантастичен настап на Светското првенство во стрелаштво за спортисти со инвалидитет во Ал Аин и го освои златниот медал во дисциплината пиштол – слободен избор 25 метри.

Наковска Бикова во квалификациите на Светското првенство, што се одржува во Обединетите Арапски Емирати, со испукани 538 кругови го постигна најдобриот резултат во својата кариера и како второрангирана се пласираше во финалето.

Back to top button
Close