Намалена видливост на патиштата поради магла во Крушево

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 70 м. има во Крушево, соопштија денеска од ЈП „Македонија пат“.

Како што информираат, по усеците и клисурите можна е појава на поситни одрони кои редовно се чистат.

Од ЈП „Македонија пат“ апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Оттаму велат дека дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close