НАМАЛЕНИ ДАВАЧКИ ИЛИ РАДИКАЛИЗАЦИЈА „Студентски отпор“ со ултиматум до УКИМ

Студентската организација „Студентски отпор“ бара Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ да ги укине трошоците што ги вовел пред почетокот на академската година, а во спротивно најавуваат протест и радикален отпор.

„УКИМ со воведувањето на новите, неразумни дополнителни трошоци ја премина границата на студентското трпение! Петицијата против овие трошоци веќе собра речиси 900 потписи, јасен сигнал дека студентите нема да молчат пред неправдата!Нашите барања се јасни и недвосмислени. За наредниот зимски семестар (2025/26), овие трошоци мора да бидат целосно укинати, а за летниот семестар на учебната 2024/25 година, ратата да се намали за износот на веќе платените нови давачки“, се вели во соопштението на „Студентски отпор“.

Ова не се предлози, туку ултиматум, се додава во соопштението.

„Студентски Отпор нема да дозволи студентите да бидат искористени за нови финансиски товари. Ако овие трошоци не бидат укинати, спремни сме на масовен протест и радикален отпор до исполнување на нашите барања! Нашата борба е за правда, за пристапно и правично образование, без непотребни трошоци!“, порачуваат студентите.

Back to top button
Close