Намалено производството на шумски производи, продажбата на сортименти зголемена

– За пет проценти е намалено вкупното производство на шумски производи во државните шуми во второто тримесечје од 2020 година во однос на истиот период лани. Продажбата, пак, на шумски сортименти бележи зголемување за 3,9 отсто и изнесува 128.775 метри кубни.

Според Државниот завод за статистика, зголемување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни видови, рудничкото дрво од листопадни видови, другото обло дрво од иглолисни видови, просторното дрво од иглолисни видови и огревното дрво од иглолисни видови, додека намалување има кај трупците од листопадни видови, рудничкото дрво од иглолисни видови и огревното дрво од листопадни видови.

Back to top button
Close