Наместо блокади на улиците , ВМРО-ДПМНЕ протестите ги „сели“ пред МНР

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера во Битола донел одлука за продолжување на протестите со кои се бара од власта да открие за што се преговара со Бугарија.

„Протестите продолжуваат затоа што Заев и Бујар Османи кријат за што се преговара и што се’ се подготвени да прифатат од бугарската декларација. Го повикуваме министерот за надворешни работи Бујар Османи да го покаже на македонската јавност документот кој го преговараат со Зоран Заев. Доколку во истиот не се задира во македонскиот јазик, идентитет и историја, тогаш зошто Заев и Османи го кријат овој документ?“,рече Стефан Андоновски на денешната прес-конференција.

До петокот, протестите три дена беа со блокирање на три локации во Скопје и во други десетина градови. Во петокот, тие се одржаа пред МНР, каде што ќе се одржат утре во 17 часот.

Back to top button
Close