Наместо да играат криенка, СДСМ треба да одговори за тоа колку мигранти требало да примат во Македонија – порача Петрушевски

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска излезе со обвинувања кон опозициската СДСМ и лидерот на партијата, Венко Филипче, тврдејќи дека тие имаат двојни стандарди во однос на мигрантската политика. Петрушевски вели оти пред четири години, Владата предводена од Зоран Заев се нудела да прими мигранти во Македонија, а денес, Филипче е против наводни мигранти.

„Ве повикувам да го проследиме видеото во кое целата македонска јавност ќе се увери како Заев сакаше да гради мигрантски кампови, а потоа и самиот се нудел да ги вдоми мигрантите. Филипче за ова не се противел“, рече тој.

Петрушевски рече оти ВМРО-ДПМНЕ, како и тогаш, така и сега, води и ќе води антиемигрантска политика, и оти хистеријата и лажните вести кои ги создава СДСМ се рушат.

„Еве веќе 2 дена молк од Филипче и СДС за непостоечката тема мигранти. Откако ги посочивме нивните вистински намери за доведување на мигранти во Македонија, тие бегаат и од новинари и се кријат во Бихачка“, кажа тој.

Тој побара од СДСМ да одговори на јавноста колку мигранти биле спремни да примат во Македонија и дали нивната актуелна гласност на оваа тема произлегува од тоа што во 2018 година биле спремни да доведат илјадници мигранти. Дополнително, вели, СДСМ мора да ја научи лекцијата од претходните три изборни циклуси и да спроведе реформи во партијата.

Извор: 360stepeni.mk

Back to top button
Close