Наместо карневал, во Келн 150.000 луѓе на демонстрација за мир во Украина

По патеката каде обично поминува карневалската поворка, во Келн денеска протече огромна мировна демонстрација со најмалку 150.000 учесници. 

BG Köln Rosenmontag - Friedensdemonstration für Ukraine 

Келн го откажа годинешниот карневал, а наместо тоа луѓето се одѕваа на повикот да демонстрираат за мир и демократија и поддршка на Украина по нападот врз неа од страна на Русија. Според Карневалскиот комитет, на манифестацијата учествуваат најмалку 150.000 граѓани.

Rosenmontag - Friedensdemonstration in Köln

„Господине Путин, прекинете го лудилото, прекинетет ја војната“, повика претседателот на карневалот, Кристоф Кукелкорн. Непартиската градоначалничка на Келн, Хенриете Рекер, изрази безгранично восхитување како за Украина, така и за храбрите антивоени демонстранти во Русија.

BG Köln Rosenmontag - Friedensdemonstration für Ukraine

Костимирани и некостимирани граѓани продефилираа низ улиците на Келн, многумина со украински знамиња и транспаренти со пораки: „Драг руски народе, бидете Руси, а не Путинци“, пеејќи песни како „Сите луѓе ќе бидат браќа“.

На мировниот марш учествуваше и покраинскиот премиер на Северна Рајна Вестфалија, Хендрик Вист.

Deutschland Demo gegen Krieg in Köln

Традиционалниот келнски карневал поради пандемијата на коронавирус требаше да се одржи на фудбалски стадион, но карневалистите поради настаните во Украина решија наместо славје да организираат мировна манифестација низ улиците на Келн.

Back to top button
Close